3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГејтс и Бафет: САД ќе напредува под водство на Трамп

Гејтс и Бафет: САД ќе напредува под водство на Трамп

Gates-Buffet333

Соединетите држави во мандатот на новиот претседател Доналд Трамп ќе ги надминат поделбите во општеството, ќе се придвижат напред и нема да сопре процесот на одржлив развој, уверени се најбогатите Американци и воедно најбогатите луѓе на планетата, основачот на корпорацијата „Microsoft“, Бил Гејтс и челникот на холдинг компанијата „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет, кои во петокот зборуваа на Универзитетот Колумбија.

„Убеден сум дека Америка ќе напредува“, истакна Бафет, одговарајќи на прашањата на околу 1.300 студенти. Според него, „современите политичари тешко ќе ги натерате да мислат за следните 20 години“, бидејќи тие често повеќе се загрижени за нивниот повторен избор, а нивните одлуки се носат само поради чиста полза. „Тоа е лошо“, смета Бафет.

Според прилогот на телевизиската мрежа CNBC од ланскиот ноември, богатството на Ворен Бафет, кој во претседателската трка во САД ја поддржуваше демократската кандидата Хилари Клинтон, по победата на републиканецот Доналд Трампсе зголемило за над 11 милијарди долари. А тоа се должи на растот на акциите на берзите на компаниите, главно во финансискиот сектор.

Влијателното списание Fobres го проценува богатството на Бил Гејтс на 85,2 милијарди, а на Ворен Бафет на 73,9 милијарди долари.

„Администрацијата (на претседателот Трамп) е релативно млада. Сé уште не знаеме во кој степен ќе ги реализираат своите приоритети во однос на буџетската дисциплина“, забележа Гејтс. Притоа искажа оптимизам во врска со активностите на владата и конгресот, коишто според челникот на технолошкиот гигант, „иницираат прекрасни работи“.

Во декември Гејтс се сретна со Трамп кога се обидел да го придобие за нов проект. Основачот на „Microsoft“ со групата најбогати луѓе во светот објавија дека создаваат инвестициски фонд кој ќе располага со милијарда долари за финансирање проекти за развој на технологии во сферата на производство на чиста еколошка енергија.

Целта на фондот „Dubbed Breakthrough Energy Ventures“ е „инвестирање средства во ризични долгорочни проекти за развој на енергетски технологии, коишто ќе овозможат значително намалување на емисиите на стакленичките гасови во атмосферата“.

Меѓу основачите на фондот се и основачот и директор на корпорацијата „Amazon“, Џеф Безос, сопственикот на холдингот „Virgin Group“, Ричард Бренсон, претседателот на бордот директори на „Alinababa“, Џек Ма и саудискиот принц Ал-Валид бен Талал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП