20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се субвенционира вградувањето на ПВЦ и алуминиумски прозорци

Ќе се субвенционира вградувањето на ПВЦ и алуминиумски прозорци

klizna vrata33

Министерството за економија годинава воведува нова мерка за енергетска ефикасност наменета за домаќинствата, покрај веќе постојните субвенции за сончеви термални колекторски системи, а тоа е субвенционирање за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци. Огласот за овие субвенции ќе биде објавен до крајот на месецов и ќе трае до крајот на август.

Според министерот за економија, за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017 година Министерството за економија обезбеди 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.

Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе можат да го остварат лицата кои во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци, во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас. Притоа, доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐдо искористување на предвидените средства за оваа намена.

Во однос на мерката која предвидува надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2017 година, која се спроведува по осми пат, министерот Кучи истакна: „Годинешниот буџет успеавме да го зголемиме, па наместо досегашните шест милиони денари, обезбедивме 16 милиони денари, додека условите остануваат исти, односно се надоместуваат до 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство“.

За оваа мерка можат да аплицираат сите домаќинства кои имаат купено и вградено во своите домови колекторски систем во периодот на времетраење на јавниот оглас, а притоа го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за оваа намена врз основа на претходните јавни огласи на Министерството за економија објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. И годинава доделувањето на средствата за оваа намена ќе се одвива по пат на јавно извлекување.

Да потсетиме, заклучно со 2016 година, за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата беа одобрени 54 милиони денари, поднесени се вкупно 14.785 барања, а субвенционирани се 4.237 домаќинства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП