Американскиот ланец ресторани за брза храна McDonald’s својот бизнис во нордиските земји го продаде на Гај Хендс, директор на британската инвестициска компанија „Terra Firma“.
Тoј така ќе стане главен носител на франшизата во Данска, Норвешка, Финска и Шведска.
Од McDonald’s соопштија дека ќе го пренесат својот сопственички дел и дека ќе ја доделат лиценцата на Хендс, со што тој ќе стане стратешки партнер, пренеусва агенцијата АП.
Договорот се однесува на 435 ресторани во четири земји, од кои повеќе од 95 проценти под франшиза.
Трансакцијата, според очекувањата на McDonald’s, би требало да биде реализирана на крајот на првиот квартал од оваа година, а портпаролката на McDonald’s во Данска, Пија Тоберуп, тврди дека рестораните ќе го задржат своето име и производи, наведува АП.
На почетокот на годината McDonald’s објави дека ќе го продаде контролниот удел од својот бизнис во Кина и Хонгконг за 2,08 милијарди долари на кинеско-американски конзорциум.