4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците сепак ќе плаќаат за користење на германските автопати

Странците сепак ќе плаќаат за користење на германските автопати

bahn 939

Владата на Германија го одобри законот според кој воведува такси за своите автопати, пренесува „Дојче Веле“. Одлуката е донесена и покрај протестите на државите со кои се граничи Германија, според кои тоа претставува дискриминација на странските возачи.

Законот стана резултат од големиот број постигнати компромиси во договорот помеѓу федералната република и Европската комисија. Како резултат од него германските сопственици на повеќето еколошки автомобили ќе плаќаат пониски такси за нивните возила, отколку што претходно беше предвидено.

Тарифите за користењето на странците на автопат во Германија конечно се пониски од првично планираните. Таксата за 10 дена во зависност од обемот на моторот и неговите штетни гасови ќе биде 2.50, 4, 8, 14 и 20 евра. Претходно се предвидуваа само 3 категории – 5, 10 и 15 евра. Годишната претплата ќе биде ограничена на 130 евра.

По одлуката на Владата претстои законот да биде утврден и од германските парламенти – Бундестагот и претставниците на федералните покраини – Бундесрат. Се очекува системот за собирање на такси да почне да работи во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП