2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто ќе ни понуди Lenovo во овој февруари

Што ќе ни понуди Lenovo во овој февруари

moto34903

Компанијата „Lenovo“ соопшти кои нови мобилни уреди ќе ги претстави на „MWC 2017“ – саемот кој ќе се одржи во февруари.

Тоа значи дека новиот смартфон „Moto“ може да биде прикажан уште на 26-ти февруари оваа година. Најверојатно овој предводник нема да биде претставен, бидејќи таквите најави не се во традиција на компанијата.

Претстои да бидат прикажани сепак прилично нови телефони, кои не влегуваат во категоријата – скапи уреди.

Ниту „Lenovo“, ниту „Motorola“ не даваат информации што подготвуваат за саемот.

Се претпоставува дека, сепак, ќе го видиме „Moto G5 Plus“ – телефон за кој од почетокот на годината се зборува активно на интернет.

Ако тргнеме од името на смартфонот, тој ќе биде наследник на „Moto G4 Plus“. Најверојатно ќе работи со оперативниот систем „Android 7 Nougat“. Ќе располага со 5.5-инчен дисплеј „IPS LCD“ со резолуција од 1080х1920 пиксели со 401 ppi.

Чипсетот е „Qualcomm MSM8953 Snapdragon 625“ со осумјадрен централен процесор.

Овој чипсет се карактеризира со централен процесор со 8 јадра и такт од 2.0 GHz, „Cortex-A53“ и графички процесор „Adreno 506“.

Се смета дека смартфонот ќе поддржува мемориска картичка „microSD“ со големина до 256 GB. За таа цел ќе постои посебен слот, а не еден од слотовите за „SIM“-картичките.

„RAM“ меморијата ќе биде 3 или 4 GB, а внатрешната – 16 или 32 GB. Можно е на пазарот да се појават две верзии на уредот.

Главната камера ќе биде 16-мегапкселна. Таа ќе се карактеризира со дијафрагма f / 2.0, автофокус и двобоен „LED“ блиц, геотагинг, фокусирање со допирање, препознавање на лице, панорамска слика и автоматски „HDR“.

Снимањето видео содржини ќе биде со резолуција од 1080р со брзина од 30 фрејмови во секунда и одржување на „HDR“.

Задната камера ќе е 5 мегапикселна со дијафрагма f / 2.2 и автоматски „HDR“.

На предниот панел на смартфонот ќе има скенер на отпечатоци. Капацитетот на батеријата ќе биде 3080 mAh.

Покрај тоа на „MWC 2017“ може да видиме „хај-енд“ смартфон „Moto“, но веројатноста за тоа е мала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП