2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо четвртиот квартал Samsung продаде 90 милиони телефони

Во четвртиот квартал Samsung продаде 90 милиони телефони

suc_1

Во периодот октомври-декември од 2016-та година, компанијата Samsung успеала да продаде 90 милиони телефони и осум милиони таблети.

Продажбата на телефони, во текот на четвртиот квартал од минатата година, ги вклучува паметните телефони и 2G телефоните. Се смета дека продажбата на телефони ќе биде поинтензивна во текот на првиот квартал од оваа година, додека намалената побарувачка за таблети ќе има влијае на падот на продажбата на овие уреди.

Оперативната профит на Samsung бележи огромен раст од 50,1 отсто во четвртиот квартал од 2016-та година, што е за вкупно 7,92 милијарди долари повеќе отколку во претходниот квартал.

Сите наведени бројки се предвидувања и анализа на компанијата The Investor, со оглед на тоа дека јужнокорејската компанија речиси никогаш не објави конкретни резултати.

Овие анализи покажуваат дека проблемите, кои Samsung ги имаше со Galaxy Note7, не влијаеле на одделот за продажба на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП