17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDоnald’s со пад на приходите во четвртиот квартал

McDоnald’s со пад на приходите во четвртиот квартал

63703331758875d1cdcdf2323965772_w640

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ соопшти дека забележал благ пад на приходите во четвртиот квартал.

Компанијата наведува дека падот се случил под влијание на трошоците за реструктуирање и послабите резултати на матичниот американски пазар.

Во периодот од октомври до декември консолидираните приходи се лизнале за пет проценти, на 6,03 милијарди долари.

Притоа приходите на „McDonald’s“ на домашниот пазар се намалени по пет квартали со раст, и тоа за 1,3 проценти, а како причина во компанијата се наведува високата споредлива основица во истиот период од минатата година кога е лансирано посебното мени за појадок.

На глобално ниво приходите се зголемени за 2,7 проценти.

Во 2015 година компанијата во рамките на обидите да ја поттикне намалената продажба одлучи да го зголеми уделот на ресторани под франшиза. До крајот на 2018 година уделот на ресторани под франшиза би требало да изнесува 90 проценти, во однос на 81 процент колку што изнесуваше во 2015 година. Планот подразбира доделување на франшизи за ресторани на вкупно 3.500 локации.

Локациите под франшиза подразбираат помали инвестиции и помал број на вработени и често донесуваат заштеда, но воедно и ја присилуваат компанијата да им отстапи повеќе контрола на сопствениците на франшизите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП