6 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.01.2017

Дневен хороскоп 25.01.2017

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Важно е да направите листа со приоритети и да прифатите нечиј совет. Во љубовта нема потреба да одговарате на нечија емотивна провокација или предизвик. Најдете време за одмор.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Соработниците делуваат позитивно на вашето расположение. Имате доволно енергија да се ангажирате на повеќе страни одеднаш. Доколку сте слободни планирајте љубовна средба или некое излегување со друштвото.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ако планирате да започнете некој приватен бизнис, обрнете и внимание на конкуренцијата. Ве очекува мал прилив на пари. Во љубовта понесени сте од емоциите и не размислувате премногу за тоа што е добро, а што не за вас.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се обидувате да ја импресионирате својата околина на различни начини. Важно ви е да привлечете нечие внимание. Постојано ја критикувате саканата личност, а не ги забележувате вашите маани и недостатоци.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работа ве очекува вообичаен ден. Не постои идеален љубовен однос во животот. Добриот брак или врска се производ на труд, работа и доверба.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нечие однесување делува загрижувачки за вас. За да продолжите да соработувате со тоа лице потребно е најпрвин да поразговарате. Упорно му ја наметнувате својата волја на партнерот, а тоа ве води во кавга.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Постојат различни мислење меѓу соработниците. Најдобро е да ги гледате вашите интереси. Доколку ги занемарувате зборовите на партнерот, како и неговите јасни знаци, тоа може скапо да ве чини.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сте се оптеретиле со премногу деловни обврски. Одржете ја концентрацијата и завршете го она што сте го започнале или договориле. Во приватниот живот имате потреба да се изолирате. Тоа можеби нема да биде сфатено од саканото лице.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е силно да ве погодат некои зборови од колегите. Немојте веднаш да правите кавга, најпрвин искрено кажете да ви објаснат што сакале да кажат тие лица. Вашиот партнер покажува добра волја и подготвеност да ви угоди на различни начини.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не дозволувајте некој да ве оптеретува со погрешни идеи. Предложете свое корисно решение. Партнерот ве иритира со своето однесување и идеи. Време е да размислите дали сте еден за друг.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува напнат и стресен ден на работа. Бидете подготвени да бидете „виновни за се“. Ве очекуваат многу разговори со партнерот, но нема причина за грижи.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Прифатете ги новите идеи во вашата околина и искористете ги со цел да ги подобрите вашите вештини. Обрнете им внимание на заљубените погледи кои ви ги испраќа една личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП