Автобус без возач започна да сообраќа во Париз. Новата технологија е воведена со цел да се намали процентот на загаденост во главниот град на Франција.
Сензори и камери му сигнализираат на автобусот кога да тргне или да запре, колку брзо да вози и во кој правец.
Автобусот сообраќа на пробна рута меѓу железничките станици „Lyon“ и „Austerlitz“. Се очекува останатите рути да бидат воспоставени во текот на годината.
Лион исто така започнува да тестира автобус без возач.