14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзлезот на ММФ може да доведе до четврта спасувачка програма за Грција

Излезот на ММФ може да доведе до четврта спасувачка програма за Грција

pare3003

Учеството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е задолжително за потпишувањето на вториот преглед на спасувачката програма за Грција. Тоа го објави „Ana Mpa“, повикувајќи се на свои извори во Брисел.

Реално излегувањето на фондот од програмата ќе значи и нова, четврта по ред спасувачка програма.

Тоа сепак значи и нови преговори и одобрување од националните парламенти, која најверојатно ќе биде тешко да се постигне во сегашната ситуација во Европа и пред претстојните избори во Германија, Франција и Холандија – главните кредитори на Атина.

Темата за грчкиот долг и третата спасувачка програма ќе биде официјално дискутирано за време на седницата на Еврогрупата, закажана за 26-ти јануари. Очекувањата се дека тогаш европските кредитори и ММФ ќе успеат да ги надминат своите несогласувања во однос на Атина.

Потоа преговарачките тимови на институциите ќе се вратат во Грција. Вториот преглед на програмата ќе биде финализиран до 20-ти февруари – т.е. пред следниот состанок на Еврогрупата и изборите во Холандија, дополнуваат уште изворите на грчката новинска агенција.

Во последните информации се активните проговори за излегувањето на ММФ од спасувачката програма за земјата. Неговото место може да биде зафатено од Европскиот стабилизациски механизам (ESM). Европската институција коментираше за „Ana Mpa“ дека работи активно Фондот да остане во програмата и да работи и со останатите европски институции.

ММФ инсистира за значително намалување на грчкиот долг, што не им се допаѓа на европските кредитори на Атина. Властите во Грција, кои исто така бараат повеќе олеснувања на обврските, а пак не го сакаат останувањето на фондот во програмата, бидејќи институцијата инсистира на уште намалувања на трошоците, што ќе биде многу тешко да се постигне во позадина на паѓачката доверба што ја забележува управувањето на Сириза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП