
Инспирација за својот концепт на современ мотоцикл, двајца источноевропски дизајнери ја пронашле во јапонскиот минимализам.


Инспирација за својот концепт на современ мотоцикл, двајца источноевропски дизајнери ја пронашле во јапонскиот минимализам.

За дизајнерската студија на овој моторцикл од иднината, Белорусинот Артем Смирнов и Украинецот Владимир Панченко, избраа содветно име – „Самурај“.

При неговиот дизајн тие се потпираат на јапонскиот дизајн кој се одликува со својата минималистичка, едноставна и економична природа.

Тие објаснуваат дека јапонскиот пристап на дизајнирање работи е многу оргинален и е заснован на традиционални форми на оваа далекуисточна култура, како што е уметноста ориграми, но и духот и наследството на самураите.

„Oва наследство денес е присутно и во индустрискиот дизајн на јапонските брендови, но од некои причини, ретко се користи при дизајнирањето на јапонските автомобили и мотоцикли“, велат Смиров и Панченко.

Концептот „Самурај“ токму има за цел да покаже како би требало да изгледа еден современ мотоцикл кога на него ќе се применат принципите на јапонскиот индустриски дизајн, но и клутурното наследство на оваа земја.

На нацртите се прикажани класичен моторцикл, како и верзија на „Самурај“ со приколка.