Western Union се согласи да плати 586 милиони долари отштета и призна дека како компанија го игнорирал фактот дека нивниот сервис се користи за криминални дејствија, првенствено за перење пари и измами, се наведува во денешното соопштение на Министерството за правда на САД, пренесува Блумберг.
Со помош на вработените во Western Union, кинеските мигранти ја користеле оваа услуга за испраќање на стотици милиони долари за да платат криумчари, а парите електронски се префрлувале во помали износи со цел да се избегнат федералните прописи за пријавувањето на трансакции, појаснија американските власти.
Обвинителот утврди дека Western Union, најмалку, во период од пет години знаел за незаконските трансакции кои се извршувале преку неговиот сервис.
Компанијата не сакаше да дава никакви коментари за овој договор.