30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпојувањата и превземањата на Островот нагло ќе забават во 2017-та

Спојувањата и превземањата на Островот нагло ќе забават во 2017-та

brfutta32

Активноста при трансакциите за спојувања и превземања (M & A) во Велика Британија ќе забави нагло во 2017-та година, поради несигурноста околу условите за излегувањето на земјата од Европската унија, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на извештај на правната канцеларија „Baker McKenzie“.

Британија го избегна паѓањето на активноста кај спојувањата и превземањата во 2016-та година, откако странските компании ја користат забележливата девалвација на фунтата во однос на американскиот долар, за да ги купат британски компании, покажуваат податоците на „Thomson Reuters“.

Според „Baker McKenzie“ иако активноста кај спојувањата и превземањата ќе имаат скромно влијание врз европските трансакции во случај на „пријателски развод“, недостатокот на јасност околу „Brexit“ ќе и штети на активноста во Обединетото Кралство.

„Со оглед на влијанието на „Brexit“ врз довербата на бизнисот, очекуваме вредноста на „M & A“ трансакциите да се намалат за две третини во 2017-та година, откако неколку големи зделки во првата половина на минатата година ја поддржаа 2016-та година“, вели Тим Џин, партнер од Лондон за „M & A“ трансакциите во „Baker McKenzie“.

„На ист начин потенцијалот за пазарната нестабилност за време на излегувањето на Велика Британија од ЕУ најверојатно ќе влијае на бројот на прекуграничните „ИПО“ кои претстојат на пазарот во Лондон во 2017-та година“, вели Џин.

„Baker McKenzie“ и „Oxford Economics“ предвидуваат дека вредноста на британските спојувања и превземања ќе се намалат до 125 милијарди долари во 2017-та година од рекордните 340 милијарди долари во 2016-та година.

Премиерот Тереза Меј рече дека ќе ги активира официјалните преговори за излез од ЕУ до крајот на март. Потоа ќе започне да тече период од две години, во кои треба да биде договорена зделката.

Од „Baker McKenzie“ изјавија дека прогнозираат глобалното склучување на договори да се намали малку во 2017-та година, но ќе се зголеми повторно во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП