18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадовите со најмногу облакодери во светот (фото)

Градовите со најмногу облакодери во светот (фото)

obla 00

Во речиси секој поголем и добро развиен град во светот има многу облакодери кои обезбедуваат неверојатна глетка од земјата, но и од воздух. Бројот на облакодери значително се разликува во одделните градови, но надмоќ има Азија.

Тука се поставува прашањето зошто овој феномен е особено изразен на Исток, но не и во голем број европски или американски градови со просперитетна економија. Како причина се наведува брзиот економски раст и постојаното зголемување на бројот на милионери, па инвестициите во недвижности се во пораст во Азија.

Изградбата на облакодери за многу од овие инвеститори е начин да се зголеми вредноста на нивните земји и да постигнат поголема рентабилност. Повеќето од азиските градови, како Хонг Конг, се густо населени што врши притисок врз цената на земјиштето.

Затоа облакодерите се наоѓаат како алтернатива. Во многу азиски земји има многу лоши терени, на кои често не е дозволена изградба, затоа на местата на кои е можно, се издигаат високи згради.

Некои градови пак ги градат облакодерите, за да ги покажат архитектонските и технолошките достигнувања, за да привлечат инвеститори и како дел од државната политика. Истовремено треба да се земе предвид фактот дека некои европски земји и американските градови ја ограничуваат изградбата на високи згради, за да го заштитат пејзажот и архитектурата на градот.

А сепак трендот во големите азиски градови е за изградба на повеќе високи згради. Еве ги оние во кои има најмногу облакодери:

10. Шенжен, Кина – 74 облакодери

obla 10

9. Сингапур, Сингапур – 75 облакодери

obla 09

8. Чонгкуинг, Кина – 81 облакодери

obla 08

7. Гуангжу, Кина – 92 облакодери

obla 07

6. Токио, Јапонија – 116 облакодери

obla 06

5. Чикаго, САД – 116 облакодери

obla 05

4. Шангај, Кина – 127 облакодери

obla 04

3. Дубаи, ОАЕ – 149 облакодери

obla 03

2. Њујорк, САД – 238 облакодери

obla 02

1. Хонг Конг, Хонг Конг – 310 облакодери

obla 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП