22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија може да се претвори во даночен рај по Brexit

Велика Британија може да се претвори во даночен рај по Brexit

draj393

Со заминувањето од ЕУ, Британија може да се претвори во даночниот рај на Европа, посочи министерот за финансии на земјата Филип Хамонд.

Премиерката Тереза Меј во вторник ќе ги сподели своите планови за „Brexit“ со парламентот. Очекувањата во Лондон се дека таа ќе предупреди за можност за излегување од единствената европска унија, царинската унија и јурисдикцијата на Европскиот суд.

Велика Британија ќе се обиде да го ограничи и бројот на мигрантите од ЕУ во земјата.

Ден пред тоа, Хамонд коментираше за германското издание „Welt am Sonntag“ дека излегувањето од ЕУ и губењето на пристапот до единствениот пазар ќе доведе до загуби за економијата. Затоа и земјата може да премине кон мерки кои треба да ја задржат глобално нејзината конкурентност. Една од нив е намалувањето на даноците.

„Бидете сигурни дека ќе го направи она што е потребно”, рече уште тој на прашањето дали Велика Британија ќе стане даночен рај. „Ако земјата излезе од ЕУ без пристап до пазарот, ќе бидеме принудени да го промениме економскиот модел“, дополни тој.

Филип Хамонд ги коментираше уште и плановите за ограничување на миграцијата, какви беа пораките на Британците за време на референдумот. Тој објасни дека во моментот Лондон нема никаква контрола врз политиката за миграција.

„Ова треба да запре. Тоа беше пораката на Британците на 23-ти јуни“, додаде Хамонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП