4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пушењето ja чини светската економија?

Колку пушењето ja чини светската економија?

cigarite 35350

Пушењето ја чини светската економија 1 илјади милијарди долари годишно, а до 2030-та година ќе убива по 8 милиони луѓе годишно, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација и Американскиот национален центар за борба против ракот.

Трошоците далеку ги надминуваат даноците кои се собираат од тутунската индустрија, во висина од околу 270 милијарди долари за 2013-2014 година.

Трошоците ќе се подигнат иако владите немаат механизми да го ограничат пушењето, кои не се користат ефикасно, покажува уште извештајот на „СЗО“.

Евтините мерки во моментов се кревање на даноците и цените на цигарите, политика која ја промовира борбата против пушењето и целосната забрана за рекламирање на цигари.

Најмногу се пуши во сиромашните земји, каде приходите на населението се ниски до средни. Во овие земји живеат 80% од пушачите.

Студијата покажува дека и покрај повисоката свест на луѓето во врска со штетата од пушењето, бројот на пушачите во светот се зголемува.

Во моментов 6 милиони луѓе годишно се жртви на пушењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП