Индиската нискобуџетна авиокомпанија „SpiceJet“ склучи договор со американскиот производител на авиони „Boeing“ за купување на „до“ 205 авиони. Договорот е во вредност од 1,5 илјади милијарди рупии (20,6 милијарди евра) каталошки цена, пренесува „Bloomberg“.
Како што е познато, каталошката цена често е доста повисока од онаа на која реално се склучуваат трансакции, бидејќи производителите прават големи попусти при големо количество.
„Ова е најголемиот договор за „SpiceJet“, еден од најголемите за индиската авијација и најголем за „Boeing“ во Индија“, објави Аџаи Синг, претседател на индиската компанија.
Во договорот кој е потпишан уште на крајот на 2016-та година, е заложена испорака на 155 машини од новата генерација „Boeing 737 MAX 8“ наместо претходно договорените 55 авиони.
Истовремено индиската компанија ја обезбеди опцијата да купи уште 50 авиони, меѓу кои и големи авиони за летови на долги растојанија.
Авионите треба да бидат доставени меѓу 2018-та и 2024-та година.
Со новата нарачка „SpiceJet“ се обидува да го потисне пазарен удел на индискиот лидер „IndiGo“. Тој очекува испорака на над 400 машини „A320neo“ на европскиот производител „Airbus“ и во моментот држи пазарен удел од 42% од силно растечкиот индиски пазар на воздушен сообраќај.
На крајот на годината и друга индиска компанија – „GoAir“ која е на второ место по уделот, објави дека има намера да купи над 72 машини „A320neo“. Така вкупниот број на нарачаните од „Airbus“ машини од типот „A320neo“ е 144.