5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG Stylo 3 - новиот фаворит со пенкало (видео)

LG Stylo 3 – новиот фаворит со пенкало (видео)

stylo lg 00

Откако „Galaxy Note 7“ се покажа како сериозен неуспех за „Samsung“, „LG Stylo 3“ најверојатно ќе биде единствениот смартфон, опремен со пенкало. Покрај тоа нуди ажуриран софтвер, привлечни технички карактеристики и добра цена.

„Stylo 3“ има осумјадрен процесор „MediaTek MT6750“ со 1.5 GHz. Освен тоа има добиено 3 GB RAM и 16 GB внатрешна меморија, 5,7-инчен дисплеј, 13-мегапикселна главна и 8 мегапикселна предна камера.

Одделно треба да ја одбележиме отстранливата батерија со капацитет од 3200 mAh и скенерот за отпечатоци. Телефонот има и слот за „microSD“ картичка.

Дебелината на уредот е 7.4 мм, додека неговата тежина е 149 грама.

stylo lg 01

Како што можете да забележите, уредот не претендира за предводник, па поради тоа го присоединиме кон најевтините уреди.

„Stylo 3“ се очекува да има силно побарувачка. Еднаш поради неуспехот на „Note 7“, а освен тоа и поради традиционално пониската цена во споредба со уредите на „Samsung“.

Смартфонот работи со оперативниот систем „Android Nougat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП