22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе им дава државјанство на оние кои ќе инвестираат во државата

Турција ќе им дава државјанство на оние кои ќе инвестираат во државата

pass

Турција ќе им овозможи државјанство на оние кои ќе инвестираат кај нив или ќе се одлучат да купат вреден имот, објавила турската влада во Службен весник, со цел да ја зајакне влошената економија.

Пасош ќе можат да добијат странците кои ќе купат имот во Турција вреден најмалку еден милион американски долари, вложат два милиони долари или пак на банкарска сметка приложат три милиони долари, се наведува во Службениот весник на владата во Анкара.

Ова известување доаѓа од владата поради тешкотиите со кои се соочува земјата поради значителниот пад на турската лира, која по толкувањето на аналитичарите, на удар е поради “отровните” политички комбинации, безбедноста и економските потешкотии.

Сличен потег направи минатата недела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој вели дека квалификуваните сириски и ирачки бегалци кои работат нелегално ќе им овозможи добивање државјанство ако ги поминат безбедносните проверки.

Европската унија ја повика Турција, на бегалците од Сирија да им го олесни пронаоѓањето на работа во нивната земја, што теоретски ќе ја намали веројатноста за нивно доаѓање во Европа.

Се работи за клучни барања и долготраен процес на преговори за членство на Турција во ЕУ, бидејки Унијата се бори со најголемата мигрантска криза од Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП