
Матичната компанија на „Google“, „Alphabet“, потврдила дека се определила за балони наместо за беспилотни летала за нудење на интернет услуги од небо.


Матичната компанија на „Google“, „Alphabet“, потврдила дека се определила за балони наместо за беспилотни летала за нудење на интернет услуги од небо.
Од „Alphabet“, во чија сопственост не е само „Google“, туку и компанијата „Google X“ која е фокусирана на креирање нови технологии кои го менуваат светот, рекоа за „AFP“ дека се откажуваат од својот дрон-интернет проект, кој се нарекува „Titan“ и кој започна пред речиси една година.
Вработените на овој проект се преместени на други работни позиции во „Google X“, вклучувајќи го и проектот „Lun“ кој е насочен кон создавање мрежа на балони на големи висини кои ќе нудат интернет услуги за луѓето без оглед на тоа колку се оддалечени.
Економичната и техничката изводливост на проектите со балони се сметаат за поефикасен начин за поврзување на руралните и оддалечените делови на светот со интернет, оценуваат од „Google X“.
Водечката друштвена мрежа „Facebook“ и натаму го развива „Aquila“ дронот за пренос на сигнал за интернет врска од небо.