24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ ќе им плати на кинеските програмери

„Apple“ ќе им плати на кинеските програмери

apple-china

Судот во Пекинг на компанијата „Apple“ и изрече парична казна во износ од околу 100.000 евра поради кршење на авторските права на тројца кинески програмери.

Станува збор за конечна пресуда на Судот во Пекинг во процесот кој го покрена Унијата за заштита на правата на програмерите во Кина против компанијата „Apple“, поради продажбата преку „Apple Store“ на спорни идејни решенија, кои им припаѓаат на тројца Кинези.

Компанијата „Сиси Нетворк Технолоџи“ од Шангај, која минатиот месец развила нова технологија за препознавање на звук, покрена тужба поради тврдењето дека софтверор Сири на „Apple“ е всушност вид на „Системот за инстант пораки со помош на робот“, чиј патент го поседува шангајската компанија, поточно тројца нејзини вработени.

Компанијата „Apple“ често се соочува со слични проблеми во технолошки развиената Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП