8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG го претстави најтенкиот TV уред на светот (видео)

LG го претстави најтенкиот TV уред на светот (видео)

teleshot3

„CES“ е еден од најпознатите саеми за електроника и електронски уреди во светот. Покрај смартфоните, особено внимание добиваат и телевизорите.

„LG“ на годинешниот „CES 2017“ во Лас Вегас го претстави веројатно најтенкиот телевизор во светот, кој во продaжба ќе се најде во текот на пролетта.

Станува збор за претставникот „LG Signature 4K OLED“ од серијата „W“, под ознaката „W7“.

Уредот на сeбе има само еден кабел, кој го поврзува со „саундбар“ на кој се сите потребни приклучоци, како што се „HDMI“ портите и слично.

Екранот на телевизорот е „4K HDR OLED“ панел со дебелина од 2.57 милиметри, додека комплетниот телевизор не е подебел од просечен смартфон. Тежок е само 7.7 килограми и е наменет исклучиво за поставување на ѕид.

На видеото е претставен 65-инчен примерок, инаку од „LG“ најавија дека во понудата ќе имаат и 77-инчен уред.

Цената се уште не е позната, но се проценува дека ќе изнесува околу 10.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП