7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ: Електроенергетската состојба во земјата е стабилна

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба во земјата е стабилна

elem

Електроенергетската состојба во земјата е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количества енергија, информираше во неделата директорот на државната компанија АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

Во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го натфрлиле за 10,9 отсто, и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата, додаде Мицкоски.

Според него, во последниот период откако земјата е зафатена од студениот бран, потрошувачката на електрична енергија е зголемена за 10-ина отсто, во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.

Мицкоски нагласи дека АД ЕЛЕМ во целост ги ставила на располагање сите свои производствени капацитети кои се во функција, а хидроелектраните се во резерва и доколку дојде до зголемување на потрошувачката, односно потребите на потрошувачите, тие ќе бидат ставени во функција и ќе одговорат на потребите на потрошувачите

„Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики, при што во текот на изминатата ноќ температурата во Македонија паднаа и под 25 степени под нулата, во Скопје беше околу -23 Целзиусови степени. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме“, рече директорот на АД ЕЛЕМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП