24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајсмешниот автомобил на саемот во Шангај

Најсмешниот автомобил на саемот во Шангај

tongji-volare-1

Кинеските автомобили стануваат се подобри, а бројот на клонови секоја година се намалува, поради тоа што компаниите вработуваат дизајнери од Запад.

На саемот во Шангај се претставени модели кои заслужуваат посебно внимание и кои на вистински начин го покажуваат потенцијалот на кинеската автомобилска индустрија. Меѓутоа има и модели кои предизвикуваат насмевка на лицето.

tongji-volare-3

Ќе ви простиме ако никогаш не сте слушнале за „Tongji Auto“, бренд кој ја претставува дивизијата на универзитетот „Tongji“ кој е основан во 1907-та година, додека компанијата е основана во 2009-та година.

Компанијата во Шангај се престави со роудстер концепт наречен „Volare“, кој едногласно го понесе епитетот „најсмешен“ автомобил на годинешниот саем. Секако се сложуваме дека изгледот е субјективна работа, но „Volare“ дефинитивно се издвојува.

tongji-volare-5

Поради некоја мистична причина од „Tangji Auto“ одлучиле антената за радио да ја сместат на долниот дел од задниот браник, а па поради тоа можеме да се запрашаме за квалитетот на сигналот.

Шофершајбната во најмала рака можеме да ја опишеме како интересна, пред се поради својот необичен облик, но веруваме дека дизајнерите со причина така ja направиле.

Згора на тоа како шлаг на торта е  доминацијата на црвеното копче за кочење во случај на опасност, кое со својот изглед потсетува на сличните уреди од цртаните филмови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП