2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемо поскапување на цигарите во јули годинава

Големо поскапување на цигарите во јули годинава

cigari

Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите.

Цигарите ќе поскапат за најмалку 4 денари по една кутија, па така одредени цигари од поскапите брендови ќе чинат и до 140 денари.

Со оглед на тоа дека цигарите во текот на минатата година поскапуваа и повеќе отколку што тоа го наложуваше Законот за акцизи, не се исклучува и опцијата до крајот на годинава одредени брендови да надминат и цена од 150 денари по кутија.

Според предвидениот план цигарите од јули оваа година па во наредните 6 години ќе поскапуваат по 4 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП