2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на увозот и извозот во 11-те месеци од 2016-та

Раст на увозот и извозот во 11-те месеци од 2016-та

uvoz-izvoz3399

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016-та година, изнесува 241.950.630 илјади денари и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2016-та година, изнесува 339.520.438 илјади денари што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016-та година, изнесува 97.569.807 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2016-та, изнесува 71.3%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-ноември 2016-та година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

uv93003

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016-та година, изнесува 3.927.536 илјади евра, и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.511.280 илјади евра што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016-тa година, изнесува 1.583.744 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016-та година, изнесува 4.364.227 илјади долари и бележи пораст од 5.5% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.130.290 илјади долари што е за 5.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016-та година, изнесува 1.766.064 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП