26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИiPhone ќе продолжи да се произведува во Кина

iPhone ќе продолжи да се произведува во Кина

iphone

Дел од претседателската кампања на Доналд Трамп, кој на 20 јануари ќе го замени Барак Обама и ќе ја предводи САД, се засноваше на ветувањата за враќање на американското производство на американско тло, но од овие ветувања на крајот сепак нема да има ништо.

Според објавите на интернет страницата phonearena.com, Apple е првата американска компанија која дури и разговарала со своите добавувачи од Кина за можната преселба на производствените погони во САД. Foxconn според изворот дури и може да биде заинтересиран за ваков развој на ситуацијата но, повеќето добавувачи како што Pegatron оваа идеја воопшто не ги воодушеви, и тоа од повеќе причини.

Една од нив е она што целокупното преселување од една на друга локација ќе предизивика големи и непотребни трошоци. Тогаш, компанијата Lens Technologies изјави дека американските работници не се флексибилни во однос на работното време, и дека очекуваат значително повисоки плати од работниците од Исток.

Затоа, не е тешко да се заклучи дека преку алокација на производството во САД на крајот нема да има ништо, бидејќи Apple е премногу зависна од нејзините добавувачи од Кина, за да се одлуќи на таков чекор, само за да се спроведе идејата на Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП