10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп до General Motors: "Нека ги произведуваат во САД или нека плаќаат...

Трамп до General Motors: “Нека ги произведуваат во САД или нека плаќаат големи царини”

dt

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро во вторник го критикуваше автомобилскиот гигант General Motors (GM) во врска со производството во Мексико, надоврзувајќи се на ветувањата од предизборната кампања за враќање на работните места во САД.

„General Motors моделот на автомобилот Chevy Cruz што го произведува во Мексико и го испраќа преку граница во салоните на овластените трговци во САД, не плаќајќи данок за нив на граница. Нека ги произведуваат во САД или нека плаќаат големи царини“, порача Трамп преку Твитер.

Од GM, пак, тврдат дека Cruz седанот го произведуваат во САД и дека сите модели продадени во САД се произведени во погонот во Лордстаун, во американската сојузна држава Охајо.

„GM во Мексико го произведува моделот Chevrolet Cruze со скратен заден дел, наменет за светските пазари, а само мал број од овие автомобили се продаваат во САД“, се наведува во соопштението на американската автомобилска компанија, објавено на нивната интернет страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП