30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроизводството на iPhone ќе биде намалено за 10% во првите месеци од...

Производството на iPhone ќе биде намалено за 10% во првите месеци од 2017-та

ajpei

Американскиот технолошки гигант „Apple Inc“ ќе го намали производството на „iPhone“ со околу 10% во првиот квартал од 2017-та година, соопштува „Nikkei“, цитиран од агенциите.

Извори на весникот наведуваат дека падот во производството е „целосно очекуван“.

Весникот потсетува дека во почетокот на јануари оваа година стана јасно дека американската компанија ќе го намали производството на моделите „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“ со 30% во првиот квартал од 2017-та година во споредба со првичниот план. Оваа мерка беше наметната, откако поради намалените глобалната продажба компанијата натрупа премногу непродадени смартфони.

Американската консултантска компанија „IDC“ предвидува глобалната продажба на паметни телефони во 2017-та година да биде на исто ниво како и во 2015-та година, иако „Apple“ се соочуваат со потешкотии во создавањето на нови привлечни функции, што ја намали побарувачката.

Јапонската побарувачка за линијата „iPhone 7“ е силна, делумно благодарение на компатибилност на телефонот со безконтактните „IC“ чип читачи, кои обично се користат за услуги како плаќања. Но оваа земја претставува точно 10% од светскиот пазар на смартфони и не може да се компензира намалената побарувачка во целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП