23 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај заканите од тероризам милиони луѓе славеа низ Европа(фото)

И покрај заканите од тероризам милиони луѓе славеа низ Европа(фото)

p

Милиони луѓе во целиот свет се спротивставија на тероризмот и покрај предновогодишните закани за терористички напади, сепак се собраа на плоштадите да ја заокружат 2016 и да ја дочекаат 2017 година со стил.

Полно намерници се слеаја во главните градови на големите плоштади низ Европа да ја прослават Новата година, иако безбедносните нивоа речиси секаде беа зголемени со цел да се спречи славениците да бидат цел на терористите.

Славењето во Европа почна со прославата на Црвениот плоштад во Москва каде небото буквално поцрвене од големиот огномет.

Russia New Year

Во Берлин се чинеше дека луѓето не се исплашени од терористички напади по последниот кога со камион беа изгазени 12 луѓе на Божиќниот базар на 19 декември. Таму сепак се обраа многу славеници на серија концерти и голем полноќен огномет над Бранденбуршката капија.

REU GERMANY/

Близу 500.000 луѓе се собраа и на познатите Елисејски полиња во Париз, каде под Триумфалната капија луѓето одбројуваа последни секунди од старата година и `и посакаа добредојде на новата година на повеќе јазици.

paris

Брисел повторно имаше огномет, откако лани беше откажан во последна минута поради терористички закани, а маса луѓе се собраа на главниот плоштад.

debrouckere

 

Во Стокхолм луѓето славеа Нова година на северната страна на Содермалм каде го проследија огромниот огномет над Ѓургарден.

Во Копенхаген, главната прослава се случуваше во централниот дел Родхуспласен.

Рим го чуваа вооружени возила и зголемен број безбедносни сили околу Колосеумот и плоштадот Свети Петар, каде Папата Франциск со химната „Te Deum” ќе искаже благодарност. Порано во неделата, понтифот оржа миса во која ги повика луѓето да размислат за тешкотиите кои ги чекаат младите на заминувањето на старата година.

rim

Кај Колосеумот илјадници палеа и фрлаа петарди исполнувајќи го воздухот со чад и искри.

Во Барселона неколку стотици илјади се собраа во центарот на градот да ја прослават Новата година. И тие проследија прекрасен огномет.

Се славеше и во другите градови во Европа, Лисабон, Мадрид, Осло, Хелсинки, Будимпешта, Братислава, Виена…

Сепак терористичките закани не останаа залудни. Новогодишната ноќ однесе 39 животи во терористички напад во Истанбул, а повеќето од жртвите се странски туристи кои прославувале Нова година во познатиот клуб Реина, каде вооружен маж пукаше во гостите и избега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар