5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА54% од бизнис лидерите во Европа гледаат закана во Brexit, а 39%...

54% од бизнис лидерите во Европа гледаат закана во Brexit, а 39% можност

bre-xit33

Поголемиот дел од бизнис лидерите во Европа гледаат во „Brexit“ (излегувањето на Велика Британија од ЕУ) како закана за нивниот бизнис, а некои од нив дури ги преиспитуваат плановите за инвестиции во Велика Британија, покажува новото истражување објавено во британскиот весник „Independent“.

Истражувањето меѓу 700 бизнис лидери во Европа, спроведено од „European Business Awards“ (Европски бизнис награди) за компанијата „RSM“, покажува дека 54% од испитаниците сметаат дека „Brexit“ носи закана во споредба со 39 отсто кои гледаат во него можност.

Во исто време една четвртина од учесниците признаваат дека имаат намера да ги променат инвестициските планови во Велика Британија поради одлуката на земјата да ја напушти Европската унија (ЕУ).

„Одлуката на Кралството да го напушти блокот е предизвик за компаниите во Европа, а многу од нив се соочуваат со несигурност за тоа како гласањето на Островот ќе се рефлектира врз нив“, коментира Ананд Селваријан, регионален лидер за Европа во „RSM International“.

Според него исклучително важно е во период на несигурност бизнисите да се фокусираат на подготовките за иднината врз база на новите факти, а не да се парализира од безбројните апокалиптични теории.

„Трговијата ќе продолжи и компаниите треба брзо да реагираат на промената на политичката и економската средина“, рече тој.

Додека британскиот премиер Тереза Меј се подготвува да ги објави плановите на земјата за „Brexit“, европските компании со операции во Велика Британија ги повикуваат двете страни во дијалогот да постигнат договор за единствениот пазар.

Пристапот до единствен пазар е приоритет број еден за европските компании кои работат на Островот. На второ место се даночните стимулации и слободното движење на работната сила, покажува истражувањето.

Генерално анкетата, спроведена пред и по референдумот, покажува дека европскиот бизнис верува дека Велика Британија ќе стане помалку атрактивно место за бизнис при напуштањето на ЕУ.

„За да не дојде до исполнување на пророштвото, британската влада треба да постигне договор со ЕУ што е можно поскоро“, изјави Адријан Трип, извршен директор на „European Business Awards“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП