Властите на Калифорнија ќе го поттикнуваат концернот „Volkswagen“ да развие и да понуди на локалниот пазар барем 4 модели со целосно електричен енергетски агрегат. Ова барање е запишано во договорот за регулирање на последици од скандалот со манипулациите со дизел моторите на германскиот производител. Тоа е склучено меѓу раководството на концернот и Советот за заштита на животната средина на Калифорнија (CARB).
Како што е познато, „Volkswagen“ беше обвинет од Агенцијата за животна средина во САД (EPA) дека користел нередовна програмска опрема не само на автомобилите со дизел мотори со 4 цилиндри, туку и на оние со 6 цилиндри. Тие се ставени на модели на „Volkswagen“, „Audi“ и „Porsche“, а од нив 80.000 се продадени во САД. Од нив 10.000 се пласирани токму во Калифорнија.
„Во рамките на договорот автомобилските производители се должни до 2019-та година да почнат да продаваат во Калифорнија миниум 3 електрични модели, вклучувајќи еден кросовер. Година подоцна „Volkswagen“ треба да предложи на локалниот пазар уште еден кросовер, а продажбата на овие автомобили треба да продолжи барем до 2026-та година“, се вели во пораката на „CARB“.
Покрај тоа до средината на 2017-та година „Volkswagen“ ќе треба да и исплати на Калифорнија 25 милиони долари, кои ќе бидат наменети за обнова на флотата и за создавање на инфраструктура за „зелени“ автомобили.