29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали би дале 5000 евра плус за ваков Duster

Дали би дале 5000 евра плус за ваков Duster

dusterekstra

„Dacia Duster“ е дизајниран како ефтино и корисно теренско возило кое за своите потреби има доволно комфор. Индиската компанија „DC“ која се занимава со стилски подобрувања на сериските модели, сметала дека „Duster“ со одредени подобрувања може да понуди повеќе од тоа.

dusterekstra1

Нивната верзија на „Duster“ претрпе значајни измени, не толку на надворешноста, за разлика од кабината која во целост е непрепознатлива. Предниот дел од автомобилот доби нова маска со вградени LED светла и редизајниран браник со различни светла за магла.

dusterekstra2

Каросеријата е офарбана во мат црна боја, а стандардните тркала се заменети со специјално дизајнирани алуминиумски фелни.

И додека надворешноста на „Duster“ само делумно е редизајнирана, внатрешноста на возилото практично целосно е променета.

dusterekstra3

Сега автомобилот има четири одвоени седишта, а централната конзола се протега низ целата должина на кабината. Целиот ентериер е дизајниран така да изледа скапо и луксузно.

Иако се употребени материјали кои се имитација на дрво и кожа, некои содржини навистина потсетуваат на многу поскапите премиум автомобили.

dusterekstra4

На пример, задните седишта можат со помош на електроника да се поместат во шест правци, а тоа зад сопатникот може дури да се спушти во лежечка позиција, додека во возачкото седиште има вградено голем екран за мултимедијален уред чија положба може да се подесува.

Индијската компанија „DC“ на купувачите овој пакет им го нуди за цена од 4.940 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП