9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје го претстави Бизнис планот за 2017 година

Алкалоид АД Скопје го претстави Бизнис планот за 2017 година

al

Една од најуспешните компании во Македонија, Алкалоид АД Скопје го претстави Бизнис планот за наредната година.

Алкалоид АД Скопје ќе продолжи да инвестира во развојот на компанијата, во производствените капацитети и современите технологии, во човечките ресурси и во заедницата воопшто.

Бизнис планот за 2017 година предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2016 година како и раст од најмалку 8% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2016 година.

Сегментарно по Профитни центри, 83% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 17% ПЦ Хемија Козметика Билкарство.

Се очекува 39% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар додека 61% од извоз.

• Прв приоритет и понатаму останува регионот;

• Втор приоритет се земјите од ЕУ, САД, Русија и земјите од ЗНД;

• Трет приоритет се останатите пазари.

Бизнис планот на Компанијата за 2017 година е донесен со одлука на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 26.12.2016 година.

alk

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП