21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓански протест: итно да се преземат конкретни мерки против загадувањето

Граѓански протест: итно да се преземат конкретни мерки против загадувањето

protest

Итни мерки против загадувањето, наместо панорамско тркало, бидејќи проблемот со емисијата на ПМ 10 честички е погубен за децата, и треба да стане врвен приоритет на владата и на власите на Градот Скопје, порачаа граѓанските активисти од протестот во Градскиот парк барајќи итни а не само декларативни мерки.

Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, а протесниот собир во средата попладнето започна кај фонтаната во Градскиот парк од каде што беа испратени барањата и пораките до надлежните институциите, а продолжи кон градското собрание и владата. Пеш и со велосипеди, со маски на лицата и со транспаренти, граѓански активисти дојдоа во Градскиот парк за да го вклучат алармот кај надлежните за смртоносните последици од аерозагадувањето.

Организаторите на протестот порачаа дека после празниците повторно ќе излезат на протест, а преку петиција ќе поднесат колективна тужба за надлежните кои не преземаат мерки и покрај високото ниво на загадување, кое го покажуваат и мерните станици на министерството за животна средина кои изминатите денови измерија дури дваесет пати поголеми концентрации на отровните ПМ честички во воздухот.

Минатата седмица беа претставени статистиките според коишто на годишно ниво во земјата се регистрирани повеќе од 1.200 смртни случаи како директна последица од аерозагадувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП