2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКафето на Германците „загорчува“

Кафето на Германците „загорчува“

tchibo33

Најголемата германска компанија за преработка на кафе „Tchibo“ од 16 јануари ги зголемува цените за 30 до 50 центи за пакување од 500 грама кафе. Најпродаваната сорта „Feine Milde“ ќе чини пример 5,99 евра за пакување од 500 грама наместо претходните 5,69 евра. Тоа значи зголемување на цената со 5 проценти.

Компанијата го објасни зголемувањето на цените со повисоките откупни цени за зеленото кафе и слабото евро.

Од пролетта наваму сме сведоци на значително поскапување на зеленото кафе. Од курсевите од 1,10 до 1,20 долари за фунта (453 грама), цената се зголеми привремено до 1,70 долари и веќе се стабилизира околу 1,40 долари за килограм. Покрај тоа, зеленото кафе се тргува во долари, а еврото неодамна се обезвредни значително во однос на американската валута.

Ценовната политика на „Tchibo“ е одлучувачка за германскиот пазар, бидејќи концернот може да ги определува самостојно цените во своите филијали. Истото се однесува и за синџирите „Aldi Süd“ и „Aldi Nord“, кои имаат свои компании за печење на кафе и сами ги дефинираат цените на својата сопствена марка.

Кај другите провајдери, како „Melitta“ и „Dallmayr“ оваа задача се превзема од трговците на мало, главно „Edeka“ и „Rewe“.

За последен пат „Tchibo“ ги промени цените во текот на летото на 2015-та година – за прв пат по две години тие беа намалени.

Штом цените за зеленото кафе и курсот на доларот го дозволат, „Tchibo“ ќе ги намали повторно цените, ветува компанијата која е лидер на пазарот за земјата.

Општо земено од 2015-та година цените на кафето се движат во нагорна тенденција. Според Федералната статистичка служба од почетокот на годината во целина неговата цена во Германија е зголемена за 8,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП