2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft станува првата компанија која ќе вреди 1.000 милијарди долари!

Microsoft станува првата компанија која ќе вреди 1.000 милијарди долари!

microsoft

Технолошкиот гигант Microsoft, во иднина, би можел да стане првата компанија чија вредност ќе ја надмине сумата од 1.000 милијарди долари. Според вредноста овој гигант во моментов се наоѓа на третото место зад Apple и Alphabet.

Во февруари 2015 година, пазарната капитализација на Apple надмина 710 милијарди долари, и тaа во тој момент беше првата компанија чија вредност надмина 700 милијарди долари. Технолошкиот гигант ја достигна дури и вредноста од 775 милијарди долари пред да падне и да се врати на сегашната вредност од 617 милијарди долари.

Зад Apple на листата се наоѓа Alphabet, но според аналитичарот во компанијата Equities, Мајкл Марковски, Мicrosoft ќе биде прва компанија чија вредност ќе ја надмине сумата од 1.000 милијарди долари, изјави Мајкл Марковски.

Сегашна вредност на првите пет компании изразени во милијарди долари изгледа вака:

– Apple 617
– Alphabet 548
– Microsoft 492
– Amazon 359
– Facebook 333

Сепак, Мајкл Марковски вели дека на Microsoft му се даваат повеќе шанси, бидејќи е софтверска компанија која е флексибилна и може да стигне до повеќе корисници отколку што тоа може да биде хардверска компанија, како Apple.

Аналитичарите, исто така порачуваат дека превземањето на LinkedIn позитивно ќе влијае врз подигнувањето на вредноста на Microsoft.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП