30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ2,6 милијарди корисници на смартфони во 2017

2,6 милијарди корисници на смартфони во 2017

smartphones_rect

Во моментот кога ќе зачекориме во 2017 година, 2,6 милијарди луѓе ќе користат паметни телефони, што е третина од светската популација.

Толкава застапеност на мобилни телефони ќе доведе до големи промени во многу сфери од животот, пред се во комуникацијата, забавата, едукацијата, но и во бизнисот, купувањето и огласувањето, се наведува во соопштението на швајцарската софтверска агенција Namics, чии стручнаци анализираат на кој начин тие технолошки промени ќе влијаат на потрошувачите.

Според податоците од „Hostingfacts.com“, до сега има повеќе од они кои имаат пристап на интернет преку паметни телефони (52,7 отсто), отколку преку desktop, додека четири од пет корисници на паметни телефони одлучиле да купуваат преку паметен телефон.

Менување на навиките предизвикани од оваа технолошка револуција, доведе до развој на мобилен бизнис познат како “М-трговија”, што му олеснува на модерниот потрошувач шопинг и пребарување на производи со помош на мобилни апликации.

„Истражувањата покажуваат дека така наречената „М-трговија“ расте побрзо од „Е-трговија“, дури и до 200 отсто побрзо, па така се повеќе ги има оние кои место за своите услуги и производи ги нудат на клиентите на мобилните платформи”, објаснува Катерина Симон од Namics, швајцарската агенција за развој на софтвер и бизнис мобилни апликации.

„Мобилните апликации, не се захтевни за мобилните телефони, не бараат силна интернет конекција, не содржат многу тешки елементи, како што се видео клипови, затоа се и достапни и лесни за употреба. Секоја апликација нуди безжичено плаќање, па за купување не е физички потребна банкарска картичка, туку само нејзиниот број “, вели Симон.

“Живееме во време во кое производите и услугите се наоѓаат на нашиот паметен телефон. Изборот стана виртуелен, како и парите. Продавачите размислуваат како купувачи. Доколку е потребно да платите сметки, изберете мебел или купите подарок, мобилните бизнис апликации им нудат само клик до исполнување, па затоа во 2017 година можеме да очекуваме овој тип на бизнис да биде се”, заклучува Кетрин Симон од Namics.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП