30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНад 500 милиони смартфони ќе испорачаат трите главни кинески производители во 2017-та

Над 500 милиони смартфони ќе испорачаат трите главни кинески производители во 2017-та

huvi3j

Трите главни кинески производители на телефони „Huawei“, „Oppo“ и „Vivo“, се очекува комбинирано да испорачаат повеќе од 500 милиони телефони во текот на следната година.

Тоа претставуа една третина од светската испорака на телефони за 2017-та година, наведува извор од тајвански ланец за набавки. Врз основа на резултатите од 2016-та, „Huawei“ би требало да испорача 170 милиони телефони, а ќе го следат „Oppo“ со 160 милиони уреди и „Vivo“ со испорачани 150 милиони примероци.

Големите испораки на овие три играчи ќе доведат до драстични промени на пазарниот удел на главните играчи, а исто така ќе влијаат и на профитабилноста на производителите на телефони и доставувачите на компоненти.

„Huawei“ според очекувањата би требало да има испорака од 126 милиони единици во оваа година, или околу 90 посто од своите оптимистички проценки од почетокот на годината што е навистина одличен резултат. „Huawei“ ја повтори својата стратегија со цел повторно да биде главен на домашниот пазар, титула која моментално е во сопственост на „Oppo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП