
Поради специфичните услови за возење, потрошувачката на гориво во зимскиот период може да биде значително поголема, отколку во другите периоди од годината.


Поради специфичните услови за возење, потрошувачката на гориво во зимскиот период може да биде значително поголема, отколку во другите периоди од годината.
Со цел да ја намалите потрошувачката е потребно да се придржувате до неколку едноставни совети. Покрај тоа што ќе влијаете за намалување на трошоците, некои од овие совети допринесуваат и за поголема безбедност во зимското возење:
– Правилно оддржување на моторот на возилото. Оваа постапка може да допринесе за значителна заштеда на гориво.
– Отстранете го снегот и мразот пред да започнете да возите. Со ова ја намалувате потрошувачката на енергија за уредите за одмрзнување и греење, аеродинамичкиот отпор на возилото и неговата тежина.
– Избегнувајте празен од на моторот за греење на автомобилот, затоа што тоа е загубена енергија.
– Немојте да го зголемувате бројот на вртежи на моторот по првите неколку километри додека да го загреете моторот и другите подвижни делови од вашиот автомобил, подобро стартувајте веднаш и забрзувајте постепено.
– Возете побавно. Со ваквиот режим на возење во зимскиот период, нема само да бидете побезбедни, туку и поштедливи.
– Отстранете ги дополнителниот багажник на покривот и носачите за скии и велосипеди, доколку не ви се потребни. Тие придонесуваат за зголемен отпор на воздухот, а со тоа и поголема потрошувачка на гориво.
– Проверете го притисокот на гумите. Непропишаниот притисок општо ги влошува перформансите на гумите и со тоа се намалува нивниот работен век, а покрај тоа влијаат и на зголемувњето на отпорот на движење и потрошувачката на гориво.