2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст од над 4 проценти на акциите на Deutsche Bank

Раст од над 4 проценти на акциите на Deutsche Bank

db banka 333

Откако пред три месеци акциите на германската Deutsche Bank забележаа пад за околу 10 отсто, кое беше најниското ниво во последниве неколку децении како последица од веста дека американските власти бараат од банката да плати казна од 14 милијарди долари, сега тие пораснаа за 4 проценти, пренесуваат светските агенции.

Растот на ациите за над 4 отсто, односно на 18,5 евра се случи откако беше потврдено дека Deutsche Bank склучила договор со американското Министерство за правда за плаќање на казна во висина од 7,2 милијарди долари, поради продажбата на „лоши“ хипотекарни кредити.

Сумата од 7,2 милијарди долари е далеку помала од 14-те милијарди долари кои САД ги побара од банката да ги плати во септември. Ова е трета највисока казна за една банка во САД, поради продажба на вредносни хартии поврзани со хипотекарни кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП