18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРолс-Ројсот на Фреди Меркјури продаден за 60 илјади фунти

Ролс-Ројсот на Фреди Меркјури продаден за 60 илјади фунти

fredi1

Ролс-Ројс „Silver Shadow“ од 1974 година, кој му припаѓаше на починатиот пејач на групата „Queen“ Фреди Меркјури, продаден е на вчерашната аукција Аутоспорт Интернешнел Шоу во Бирмингам.

Иако автомобилот е проценет на 9 до 11 илјади фунти, продавачот очекуваше дека возилото ќе достигне цена од 24 до 28 илјади фунти, но автомобилот на починатиот пејач се продаде за 60 илјади фунти.

Фреди го купил автомобилот во 1979 година, а го возеле возачите на Меркјури бидејќи тој не поседувал возачка дозвола. По неговата смрт во 1991 година, сестрата на пејачот го земала возилото.

Последен пат автомобилот бил користен во 2002 година, за премиерата на мјузиклот „We Will Rock You“ инспириран од кариерата на „Queen“.

Купувачот сакал да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП