30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува нов модел на iPhone под кодното име "Ferrari"

Apple подготвува нов модел на iPhone под кодното име “Ferrari”

iphone

Apple има намера својот најнов модел за следната година да го развива под кодното име Ferrari, а ќе го претстави во септември.

Apple следната година одбележува 10 години од претставувањето на првиот iPhone, а оваа компанија подготвува уред со кој сака да ги собори сите продажни рекорди на пазарот.

Иако овогодишните модели iPhone 7 и 7 plus се одлични телефони, многумина на Apple му забележаа дека овие модели се прилично слични на „шестките“ и дека им недостигаат иновации.

Што се однесува до наследниците на моделите iPhone 7 и 7 plus, тие би требало да донесат стандардни подобрувања какви од компаниите се гледаат секоја година – подобар и побрз процесор и графика, квалитетна камера и слично.

Ферарито на Apple ќе има заоблен амолед екран, кој ќе покрива поголем дел од предната површина на телефонот, така што Home копчето ќе биде интегрирано во екранот.

Бидејќи екранот ќе ја заземе речиси целата предна површина на телефонот, уредот би можел да ги задржи истите димензии како и iPhone 7 и 7 plus, а дијагоналата на екранот ќе биде поголема.

Од новиот топ модел се очекуваат и опции како безжично полнење, водоотпорност и издржливи батерии, а Apple наводно ќе го промени и распоредот на внатрешните компоненти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП