8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавите со најдобро и најлошо туристичко мото

Државите со најдобро и најлошо туристичко мото

magare33

„Патување во Словачка – добра идеја“. Сигурно не е особено незаборавно мото, но малку се земјите кои успеале да измислат навистина добро туристичко претставување. Барем тоа се гледа од нова картичка која го открива мотото за дестинации низ целиот свет, пишува „Daily Telegraph“.

Некои маркетинг одделенија очигледно работеле понапорно од други, а некои држави се одлучија за обични констатации наместо да се обидат да измисли нешто навистина незаборавно.

„Неверојатна Индија“, „Прекрасен Бангладеш“, „Прекрасен Барбадос“ се само некои од примерите.

Топ десет земји со најдобро туристичко мото:

Џибути – „Џибути“ (beauty – убавина)

Шкотска – „Единствен дух“

Мароко – „Многу повеќе“

Зелено’ртски Острови – „Без стрес“

Грција – „Класични низ сите епохи“

Латвија – „Уживајте бавно, но најдобро“

Аргентина – „Ритми во вашиот ритам“

Норвешка – „Енергија од природата“

Австрија – „Дојдете и преродете се“

Турција – „Бидете наш гостин“

Некои држави биле доста смели. Белгија, на пример, се прогласува за „местото на иднината“, а Естонија, која е една од најмалите држави во светот, ја користи придавката „епска“.

САД тврдат дека „сè е во вашите раце“, што е прилично оптимистичко во предвид фактот дека ова е третата најголема држава на планетата.

Интересно е дека некои земји одлучија да користат мотото, за да објаснат каде се наоѓаат. Португалија и Андора имаат избрано многу досадно „Западното крајбрежје на Европа“ и „Пиренејската држава“.

Топ 10 земји со најлошо туристичко мото:

Унгарија – „Мислете за Унгарија повеќе отколку што очекувате“

Словачка – „Патување во Словачка – добра идеја“

Литванија – „Вистинското е убаво“

Тунис – „Се чувствувам како Тунис“

Кипар – „Кипар во вашето срце“

Хондурас – „Се е тука“

Еквадор – „Се што ви треба е Еквадор“

Уругвај – „Уругвај е природен“

Катар – „Каде што соништата оживуваат “

Луксембург – „Доживејте го вашиот неочекуван Луксембург“

Четири земји се натпреваруваат да бидат лулка на цивилизацијата со своето мото: Мозамбик – „Дојдете таму каде сето тоа започна“, Етиопија – „Земја на потеклото на животот“, Египет – „Таму каде што се започна“ и Израел – „Земја на создавањето“.

Но мора да се призна тутулата за најчудно мото оди кај Унгарија – „Мислете за Унгарија повеќе отколку што очекувате“. Можеби нешто се изгубило во преводот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП