30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРазочарувачко претставување на батериите на новите MacBook Pro

Разочарувачко претставување на батериите на новите MacBook Pro

promac-apple

Новите лаптопи на „Apple“, „MacBook Pro“ не добија препорачани проценки од „Consumer Reports“, невладина организација која дава објективни проценки на производи од 1936-та година, па наваму. А ова се случува за прв пат во историјата на производот, пишува „CNBC“.

Нестандардното претставување на батеријата е главната причина американскиот технолошки гигант да биде прескокнат, по долготрајните тестови на трите нови модели „MacBook Pro“.

Од „Apple“ тврдат дека батеријата на предметните уреди мора да работи до 10 часа, додека тестовите на „Consumer Reports“ покажале дека издржливоста им варира помеѓу под четири часа и до над 19 часа.

„Животот на батеријата може да варира кај еден тест и друг со под 5%“, коментира Џери Бејлинсон, кој пишува за „Consumer Reports“. Според него разлики во резултатите, кои се утврдени при тестовите на „MacBook Pro“, не можат да дадат реална слика за искуството на корисниците.

„Животот на батеријата е важна карактеристика на лаптопот и претставува значаен дел од нашата проценка … По гледањето на целосните резултати од тестовите, „Consumer Reports“ откри дека и трите лаптопи „MacBook Pro“ не одговориле на стандардите за препорачаните модели“, додава тој.

Од „Apple“ не коментираа на ова прашање пред „CNBC“. Акциите на компанијата ја завршија трговијата во четвртокот со намалување од 0.72% во вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП