Новите „Giulia“ и „Stelvio“ се првите два модели со кои „Alfa Romeo“ ќе се обиде да ги врати загубените позиции на нивните пазари. Деновиве тие ќе бидат следени од уште два – репрезентативен седан и спортско купе, пишува весникот „Carscoops“.
За бизнис-седанот ќе биде обновено името „Alfeta“, а тој ќе биде изграден на модернизираната платформа на „Giulia“. Автомобилот ќе биде позициониран како конкурент на „BMW Series 5“, „Mercedes-Benz E-Class“, „Audi A6“ и „Volvo S90“. Детали за него засега отсуствуваат, но се знае дека тој ќе биде лесен за препознавање на изглед, а освен стандардните бензински и дизел мотори ќе добие и хибриден агрегат.
Што се однесува до вториот модел, во неговата основа ќе биде концептот „Maserati Alfieri“ (на втората слика). Тој ќе биде изграден на платформата која се користи за „Maserati Ghibli“ и „Quattroporte“, а стандардната верзија ќе добие 3,0-литарски V6 со турбо, кој развива 500 КС.
Моделот ќе излезе во 2020-та година, а во 2021-ва година ќе се појави и негова електрична верзија, која ќе се натпреварува со машините на „Tesla“.