19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го направи 100-милионитиот автомобил!

Honda го направи 100-милионитиот автомобил!

milion-900

По повеќе од половина век, откако започна со масовното производство на возила, „Honda“ прослави голем јубилеј, од производната лента слезе 100-милионитиот автомобил со знакот на оваа марка.

Стартот на сериското производство на „Hondа“ започна во 1963-та година, кога беа направени мини-камионот „T360“, но и спортскиот автомобил „S500“.

milion-901

Само една година подоцна, изградена е првата фабрика на „Hondа“ која ќе се занимава исклучиво со производство на автомобили, а набргу во тој погон ќе започне производството на легендарниот „S600“.

„Honda“ во меѓувреме прерасна во глобален автомобилски гигант со 34 фабрики кои се наоѓаат ширум светот, на дури пет континенти. Моментално брендот е фокусиран на своите „SUV“ модели „HR-V“ и „CR-V“, кои се глобално популарни, а во Европа акцентот е на поткомпактните и компактните модели „Jazz“ и „Civic“.

milion-902

На еден од најзначајните пазари, во САД, понудата е значително поширока и уклучува и модели како што се „Ridgeline“, „Pilot“, „Accord“ и „Odyssey“.

Еден од најважните погони на „Hondа“ моментално е тој во Свиндон, во Велика Британија, каде се изработува и новиот „Civic“, кој оттаму се извезува на пазарите ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП