20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦените на обновениот VW Golf започнуваат од 17.850 евра

Цените на обновениот VW Golf започнуваат од 17.850 евра

obgolf-00

Европските дилери на „Volkswagen“ почнаа да примаат нарачки за повеќето модификации на обновениот хечбек и караван „Golf“. Веќе се познати цените на основната верзија, на верзијата „Golf GTI“, како и на „Alltrack“ и на спортската модификација со погон на четири тркала „Golf R“.

obgolf-02

Основната опција ќе се нуди со трицилиндарскиот мотор „TSI“ со 85 КС и зафатнина од 1,0 литар. Верзијата со 3 врати „Golf Trendline“ со таков мотор и 5-брзински мануелен менувач е проценета на 17.850 евра. Тоа е за 675 евра повеќе од старата варијанта со 1,2-литарски „TSI“ со иста јачина.

obgolf-03

Најскапиот предлог е „VW Golf R“, кој по обновувањето веќе се потпира на 10 КС повеќе – 310 КС. Максималниот вртежен момент на 2.0-литарски „TSI“ мотор исто така е зголемен со 20 Нм до 400 Нм. Со автоматската „DSG“-трансмисија моделот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди (0,3 побрзо од претходната модификација со 300 КС).

obgolf-04

Цените на обновениот „VW Golf R“ почнуваат од 40.675 евра, додека караванот „Golf R Variant“ е доста поскап – 44.800 евра. Првите сопственици новите автомобили ќе можат да ги добијат на крајот на јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП