2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank на властите во САД ќе им плати глоба од 7,2...

Deutsche Bank на властите во САД ќе им плати глоба од 7,2 милијарди долари

deutsche bank teaser

Германската Deutsche Bank се согласи на властите на САД да им исплати 7.2 милијарди долари во врска со истрагата за хипотекарни хартии од вредност.

Сумата, која е пред конечно одобрување, е далеку помала од 14-те милијарди долари кои САД побара од банката да ги плати во септември, пренесува BBC.

Очекуваната казна предизвика загриженост дека евентуален неуспех на банката може да претставува ризик за глобалниот финансиски систем.

Продажбата на станбени хипотекарни хартии од вредност одигра значајна улога во финансиската криза во 2008 година.

Неколку банки во САД биле предмет на истрага во врска со наводите за давање на хипотеки на неквалификувани должници, потоа ги препакувале ваквите кредити како сигурни инвестиции, префрлајќи го ризикот на други лица. Истраги во врска со вакви зделки направени се во периодот меѓу 2005 и 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП