
Kia ги објави првите официјални цртежи од новата генерација на малиот градски модел „Picanto“.


Kia ги објави првите официјални цртежи од новата генерација на малиот градски модел „Picanto“.
Актуелниот модел кој дебитираше во 2011-та година, наскоро ќе добие свој наследник, а судејќи врз основата на дизајнерските цртежи, третата генерација има голем напреднок во однос на актуелниот „Picanto“.

Стилски, автомобилот е многу поатрактивен од претходникот. Променети се и пропорциите, па „Picanto“ изгледа за број поголем во споредба со моделот кој е во заминување.
Со новата маска, предниот браник и фаровите, потсетуваат на новиот „Rio“, кој беше претставен во септември. Верзијата која е прикажана на цртежите има проширени лакови на калниците, па со поагресивниот преден дел на автомобили дава спортска нота.

Значително е подобрена и внатрешноста во која доминира и централно претставениот дисплеј на мултимедијалниот систем. Иако треба да се нагласи дека цртежите е претставен автомобилот со најбогатиот пакет на опрема и автоматски менувач, впечатокот е дека ентериерот е значитено полуксузен отколку кај актуелниот „Picantо“.
Се очекува новиот модел да има премиера на почетокот на 2017-та година, најверојатно на женевскиот авто-саем, а за погонот ќе биде задолжени 1.0 и 1.2 литарски мотори.